ЦИА, КГБ МИ6 или други го спасија лидерот на ИСИС

ЦИА, КГБ МИ6 или други го спасија лидерот на ИСИС


Абу Бакр ал Багдади најверојатно е жив и спасен по тешкиот воздушен напад кој го извршија руските воени бомбардери.

Според информации кои ги сподели ирачката разузнавачка служба Багдади е лекуван на северот на Сирија, најверојатно лоциран во пустината Џазира западно од градот Деир ал Зор.

„Имаме неоспорени докази и документи од извори внатре во терористичката организација дека ал Багдади се уште е жив и се крие со помош на неговите соработници“ истакна ал Басри шефот на ирачкото одделение за анти-тероризам при разузнавачката служба.

Командантот бил најверојатно ранет за време на нападите врз Рака, градот во Сирија кој се сметаше за престолнина на ИСИС. Неговите нозе биле тешко повредени и тој не можел да се движи. 

Засега е непознато дали и други разузнавачки служби биле вклучени во извлекувањето на најбараниот терорист на земјата и какви се нивните интереси да го одржат во живот ал Багдади. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно