Чунг се предаде, Федерер против Чилиќ во финалето на Австралија Опен

Чунг се предаде, Федерер против Чилиќ во финалето на Австралија Опен


Најголемото освежување на Австралија Опен, Хуан Чунг не издржа против Роџер Федерер, поради повреда мораше да го продаде мечот, Швајцарецот против Марин Чилиќ ќе се бори за големиот трофеј.

Чунг на патот до полуфиналето ги елиминираше Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев, младиот Кореец имаше импресивни настапи па имаше голем интерес за неговиот меч против Федерер. 

Но, Чунг не можеше против Федерер, првиот сет го загуби со 6-1, во вториот губеше со 5-2 кога поради повреда реши да го напушти мечот

 Можеби отпорот ќе беше многу поголем доколку немаше болки. Во големото финале Федерер ќе игра за својата 20. грен слем титула, противник ќе му биде Марин Чилиќ кој го елиминираше Едмунд.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно