Четворица приведени по физички напад врз полициски службеник пред МНР

Четворица приведени по физички напад врз полициски службеник пред МНР


Четири лица биле приведени час и половина по полноќ откако од страна на непознато лице пред Министерството за надворешни работи физички бил нападнат полициски службеник.

МВР информира дека полицискиот службеник кој вршел внатрешно обезбедување на Министерство за надворешни работи слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал. 

Во врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје, Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно