Четириесет и некоја кривична против Илчо Захариев и неговиот полтрон Игно Иванов

Четириесет и некоја кривична  против Илчо Захариев и неговиот полтрон Игно Иванов


СВР- Штип поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник Илчо Захариев и против Игно Иванов, поранешен вршител на должноста директор на ЈП “Стипион 2011“.

 СВР им ги поднесува кривичните поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и две кривични дела “несовесно работење во службата“.Првопријавениот во својство на градоначалник на Штип и второпријавениот во периодото од 27.10.2015, до 12.07.2016 година во повеќе наврати ја пречекориле својата службена положба и овластувања.Илчо Захариев противправно издал одобрение и наредба за отстранување на објекти околу градскиот базе во Штип, како и продажбата на истиот, без да добие соглсност од Советот на Општината Штип, а второпријавениот несовесно постапил при спроведувањет на постапката на одобрението и наредбата за отстранување на објекти на начин што не ги одбил иако знаел дека се противзаконски, туку ги спровел и ги извршил со што причинел вкупна материјална штете на ЈП Стипион 2011 и Општина Штип во висина од 15.412.159 денари

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно