Чамите се Албанци со права

Чамите се Албанци со права


Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за весникот Та Неа, рече дека Албаија нема територијални претензии кон Грција.

Територијални претензии од страна на Албанија кон Грција, едноставно нема, вели Еди Рама, но додаде дека Чамите во северозападна Грција се Албанци со права.

– Територијално прашање меѓу Албанија и Грција не може да постои, ние сме блиску до постигнување договор за поморските граници, што ќе биде спроводливо за двете страни, рече албанскиот премиер.

„Њуз ин“ истакнува дека на 25 јануари премиерите на Албанија и Грција разговарале детално за ова прашање за време на Светскиот економски форум во Давос.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно