Целосна распродажба во Челзи

Целосна распродажба во Челзи


Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го напушти Стемфорд Бриџ на крајот од сезоната, а со него, како што тврдат англиските медиуми, ќе си заминат уште деветмина фудбалери.

И тоа не било кои, туку и дел од најголемите ѕвезди. На списокот се Цеск Фабрегас, Педро, Гери Кејхил, Оливие Жиру, позајмените Мичи Батшуаји и Курт Зума, како и Еден Азар и Тибо Куртоа.

Такво нешто и беше за очекување ако се знае дека Челси нема да игра во Лигата на шампионите претстојната сезона, а со тоа ќе се намалат и приходите на клубот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно