Бутарис-со навредите циганоскопјани Грција губи

Бутарис-со навредите циганоскопјани Грција губи


Ние ќе изгубиме многу од овој спор. Ќе го загубиме достоинството во НАТО и ЕУ, вели градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, говорејќи за спорот меѓу Република Македонија и Грција.

Според него, наместо Грците да помогнат на соседот, го навредуваат со зборови како циганоскопјани. 

„Не му помагаме на нашиот сосед, кој се наоѓа на крстосница како мало дете во потрага по својот идентитет. Што правиме? Ги пцуеме и ги нарекуваме циганоскопјани. Како изгледа тоа“- изјави Бутарис за локалните медиуми.

Вели дека преговорите ги спроведува владата во Атина и никој нема право, вклучувајќи го и него, да ѝ каже како да преговара. Бутарис ја повтори својата позиција за решавање на спорот за името.

„Мојата позиција за ова прашање е да се прифати име според одлуките од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Второ, мора да се исполнат барањата од Привремената спогодба – таму јасно е напишано откажување од секакви иридентистички манифестации. Сето ова да се исполни во две фази. Во првата да се постигне договор за името, а во втората – во период од 3 или 5 години да се исполнат обврските од Привремената спогодба. Не е лесно да ги промениш учебниците. Тие 100 години се нарекуваа Македонци“- рече Бутарис. 

Бутарис за Нова година беше домаќин на македонскиот премиер, Зоран Заев во Солун. Претходно при посета на Скопје, го употреби терминот „Македонија“ за што имаше многу критики во неговата земја. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно