Булатовиќ по смрт откри болест

Булатовиќ по смрт откри болест


Америка не ни сакаше да нè бомбардира во 1999 година, туку тоа го побара некој друг... Но бидејќи Европа не можеше да собере војници за интервенцијата, тие рекоа: 'Океј, ќе бомбардираме, но под овие услови'“, откри Момир Булатовиќ

Гостувајќи на утринска телевизиска програма, тој рече дека Европа сакала во 1999 година да изврши копнена интервенција во СРЈ и дека почнала да собира војска, но не успеала во тоа бидејќи никој не сакал да се одѕве. Тогаш ги повикала на помош Американците, кои отворено рекле дека ќе го сторат тоа, но само под свои услови - тие само ќе бомбардираат од воздух и во никој случај нема да испратат свои војници во копнена интервенција, а во случај да дојде до таков развој, Европејците ќе бидат обврзани да испратат исклучиво свои единици во директна борба на копно.

„Ден пред да почне бомбардирањето на 23 март, јас според Уставот прогласив состојба на непосредна воена опасност, а утредента и воена состојба... А како се чувствував... Тоа беше еден обичен бел плик од кој го прочитав тоа што беше според Уставот... Иако го очекувавме бомбардирањето уште од октомври 1998 година и сето тоа се знаеше... сепак беше шок. Првата бомба падна таа вечер во 20:06 часот на Црна Гора, а потоа јас според Уставот прогласив воена состојба“, раскажа Булатовиќ.

„Во 20:06 падна првата бомба, а потоа беше одржан состанок... Тоа беше состанок на една мала шокирана земја, која не ни знаеше каде точно паднале првите гранати, а инаку нападот беше незаконски и тоа го знаеја и Американците... На една од средбите со претставникот Марти Ахтисари, Ахтисари му рече на Слободан дека Србија ќе биде целосно уништена, а Слободан на тоа му рече: 'Како на светот ќе му објасните дека сте убиле два милиони луѓе во Белград?' Ахтисари му одговори со прашање - дали знае колку луѓе загинале во Виетнам...“, рече Булатовиќ, додавајќи:

„Долго време се држевме добро и мислевме дека можеме... Но пред крајот Американците го воведоа стратегискиот бомбардер Б-52 и потоа сè се претвори во вистински колеж, жртвите беа огромни... Павковиќ (генералот Небојша) и јас плачевме додека паѓаа бомбите... Тоа беше сила“, рече Булатовиќ.

На прашањето на водителот како тоа тој никогаш не бил во Хаг, Булатовиќ рече:

„Слободан пресуди дека Никола (Шаиновиќ) оди во Хаг, а не јас, и тогаш ми рече: 'Ти си млад човек... Нема да одиш ти, туку Никола... И не си Србин, туку Црногорец. Поради ова сите ќе одиме во затвор и тоа на сите им е јасно, ама пушти го Никола нека оди тој... Па Шаиновиќ потоа мораше да ѝ објасни на жената како и зошто баш тој ќе оди во затвор“, рече Булатовиќ и истакна дека „историјата на секој момент треба да се гледа со отворени очи“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно