Бугарин пробал да ја прошверцува мртвата мајка преку граница

Бугарин пробал да ја прошверцува мртвата мајка преку граница


Цариниците на граничниот премин меѓу Србија-Бугарија, биле во неверување кога се обратиле на старата жена која седела во автомобилот, а потоа сфатиле дека жената е мртва.

Според зборовите на очевидците, Бугаринот, од Австрија ја возел својата мајка, родена во 1937 година, дома, место оддалечено 40 километри од границата. 

„Нејзиниот син знаел дека не смее покојната жена да ја пренесе преку граница во сопственото возило, туку според закон мора да користи возило специјално за таа намена. За да ги избегне законските препреки, околу потребната документација, но најмногу за да заштеди затоа што ваквите трошоци знаат да бидат доста големи, овој човек планирал да ги измами цариниците“, велат надлежните. 

Но, српските цариници, прочуени по знаењето и искуството, веднаш приметија дека нешто не е во ред. „Ми беше сомнително однесувањето на возачот. Тој толку се брзаше, да ја мине границата со што го сврте вниманието кон себе. Мавташе со рацете, ја забрзуваше работата при прегледот на патниците, и цело време беше во некаков грч. Цариниците најпрво се посомневаа дека шверцува некакво роба и наркотици. Ни на крај памет не им паднало дека ја шверцува неговата мајка која била мртва“, велат надлежните во неофицијален разговор. 

Кога цариниците ја отвориле задната врата. Бугаринот им објаснил дека тоа е мајка му, дека цврсто спие, и да не ја будат. Старицата седела, а синот ја врзал со појас. 

Откако е уапсен поради измамата, синот се обратил во бугарскиот конзулат и општина за да ги добие потребните документи, и за издадена посмртница ангажирал надлежна фирма за превоз на покојната.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно