Бугарија води истрага за потеклото на парите на богатите

Бугарија води истрага за потеклото на парите на богатите


Бугарски обвинители денеска соопштија дека ќе покренат истрага за потеклото на парите на богатите граѓани кои поседуваат луксузен имот или автомобили.

Главниот обвинител нареди истрага за потекло на парите на Бугарите кои во 2015 и 2016 година купиле имот во вредност повеќе од половина милион лева или околу 255.000 евра.Истрага ќе има и за сопствениците на луксузни автомобили, откако полицијата и даночното биро соопштија дека некои од нив веројатно се вмешани во затајување данок или перење пари.

- Повеќе од 350 Бугари имаат купено недвижности поскапи од 255.000 евра во текот на 2015 и 2016 година, соопштија обвинителите.Во Бугарија просечната плата е околу илјада лева, односно околу 500 евра.поред податоците на полицијата, повеќе од 450 Бугари поседуваат луксузни автомобили од типот :Мајбах,Бентли,Ферари,Ролс Ројс и Ламборџини.Бугарија, која моментно претседава со претседателството на ЕУ, е под притисок да му покаже на Брисел дека презема мерки против организираниот криминал и дека се залага за владеење на правото

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно