Буфон ја пополни својата колекција со дресот на Роналдо

Буфон ја пополни својата колекција со дресот на Роналдо


Фудбалскиот свет се уште зборува за чудесната игра на Кристијано Роналдо кој со два гола му донесе на Реал победа во Торино против Јувентус (0:3).

Португалецот одигра фантастичен натпревар, а како резултат на тоа му аплаудираа и навивачите на торинскиот тим. Роналдо доби честитки и од противничките фудбалери.

Легендарниот голман Џиџи Буфон особено по мечот го пофали Роналдо, а од ѕвездата на „Кралевите“ Џиџи доби и подарок.

По завршувањето на натпреварот, Буфон од Роналдо го зел дресот за спомен, бидејќи за италијанскиот голман ова е последна сезона во кариерата, што го најави пред неколку недели.

Иако во фудбалот чуда се случуваат, тешко е да се верува дека „Старата дама“ во Мадрид ќе може да слави со четири гола разлика, па за Буфон, ако настапи, мечот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе му биде последен во Лигата на шампионите.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно