Британските пратеници го напуштаат парламентот поради неговата лоша состојба

Британските пратеници го напуштаат парламентот поради неговата лоша состојба


Британските пратеници гласаа да се пренесат двата дома на парламентот во други простории за време на претстојнaтa поправка на Вестминстерската палата.

Предвидено е тоa да трае неколку години и ќе ja чини британската каса неколку милијарди фунти.Состојбата на отvorenata во 1871 година палата, којa се наоѓа на брегот на Темза, е лоша. За преместување на парламентот гласаа 236 пратеници, а против – 220. Во усвоената одлука се вели дека Долниот дом и Домот на лордовите ќе се вратат во историската зграда, што е можно поскоро.

Претходно меѓународната ревизорска компанија „Deloitte“ ја оцени приближната вредност на реновирањето од 3.5 – 4 милијарди. Фунти, под услов дека парламентот да ја напушти зградата. Поскапа и пософистицирана опција би било ако парламентарците продолжат да работат и за време на поправката, а таа да се врши етапно во текот на 32 години.

Тоа ќе чини 5,7 милијарди фунти.Уште во 2016 година заедничка парламентарна комисија објави дека темелите на зградата се рушат и има ризик кровот да пропадне. Внатрешноста на зградата не е во добра состојба – течат цевки, оштетена е електричната инсталација, а освен тоа кај последната поправка во 40-тите години беше користен азбест, за кој се знае дека е канцероген. Се планира поправката да започне во 2023 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно