Британија: Затворени најмалку 12 училишта поради заканувачки пораки кон децата

Британија: Затворени најмалку 12 училишта поради заканувачки пораки кон децата


Најмалку 12 училишта ширум Британија се затворени денеска откако добиле заканувачка порака дека „децата ќе бидат прегазени од автомобили“, објавија британски медиуми.

Британскиот „Дејли експрес“ и „Дејли стар“ наведуваат дека полицијата потврдила дека на училиштата им биле упатени „злонамерни пораки“. Најмалку 12 училишта во Девон и Корновол се затворени, а закани наводно добиле и училишта во Дурам. 

Родителите во паника доаѓаа во училиштата по децата, јавуваат локалните медиуми.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно