Брилијантен настап на Адеми за Динамо

Брилијантен настап на Адеми за Динамо


Капитенот на Динамо беше стрелец на два од четирите гола кои ги постигнаа гостите на овој меч

Хрватското фудбалско првенство ова попладне продолжи онаму каде што застана во месец декември, а добра вест по завршувањето на зимската пауза е тоа што нашиот Аријан Адеми денеска играше на теренот како воопшто да немал пауза од фудбалските тревници.

Македонскиот репрезентативец имаше спектакуларно деби во репрезентацијата по суспензијата која ја имаше од ФИФА, а денеска имаше одлично голгетерско шоу во победата од 2:4 која ја оствари Динамо Загреб на гостувањето кај Осијек. Капитенот на Динамо беше стрелец на два од четирите гола кои ги постигнаа гостите на овој меч, а ова секако е добра најава за она што ќе следува во продолжение од шампионатот во кој јасно е дека загрепчани се главни фаворити за титулата бидејќи веќе имаат и повеќе од убедлива предност на табелата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно