Брегзит не важи без согласност на Ирска

Брегзит не важи без согласност на Ирска


ЕУ е децидна дека без разрешување на прашањето со Ирска нема да има развод.

Европската Унија и Британија се уште имаат недоречености пред излезот на Британија од Унијата. Брегзит се уште е под бурните очи на ЕУ, а Британија е условена да ги почитува правилата, ако сака „разводот“ со Унијата да помине без последици. Иако, преговорите течат, прогресот се прави, но се уште има осетливи теми кои можат да влијаат на процесот до март, 2019- та година, пренесува СиЕнЕн. Неодамна беше објавена драв верзија на документ за повлекувањето на Британија, во кој се посочени разликите и согласувањата. Со некои одредби се прекршуваат правата на граѓани на Еу кои живеат во Британија, за кои се согласи да исплати оштета. Уште едно прашање е и границата со Ирска, на тоа дека северниот дел останува со Британија.

ЕУ е децидна дека без разрешување на прашањето со Ирска нема да има развод.  Иако Британија официјално ја напушта Унијата во март, 2019-та година, сепак договорот е транзицијата да трае до 2020та година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно