Борисов преживеа доверба

Борисов преживеа доверба


Бугарската влада, која моментно претседава со ЕУ, го преживеа изјаснувањето во парламентот за гласањето недоверба за кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

Ројтерс вели дека опозициските социјалисти го побарале гласањето недоверба кон централнодесничарската влада, а  како аргумент го навеле недостигот на напредок во борбата против корупцијата во оваа балканска земја.

Во парламентот со 240 места за недоверба гласале 103 пратеници, додека 131 пратеник биле против.

Ројтерс потсетува дека според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнел во 2016 година, Бугарија е најкорумпираната земја-членка на ЕУ.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно