Бомба во лондонскиот аеродром

Бомба во лондонскиот аеродром


Лондонски аеродром е затворен кога бомба од Втората светска војна била пронајдена во близина на реката Темза.

Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот. Бомбата била откриена вчера попладне во рамките на планираните работи на аеродромот во источен Лондон, соопшти полицијата. Аеродромот бил затворен во недела во 22 часот, а полицијата работи заедно со Кралската морнарица за отстранување на бомбата.

На патниците им беше наложено да не одат на аеродромот и да ги повикаат авиопревозниците за инструкции.

Роберт Синклер, извршен директор на аеродромот, им се извини на патниците за непријатноста посочувајќи дека „итуацијата ќе се реши што е можно побргу.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно