Берлин на нозе поради високите кирии

Берлин на нозе поради високите кирии


Помеѓу 10.000 и 25.000 луѓе демонстрираа во Берлин против цените на недвижностите кои постојано постојано растат.

Новинската агенција ДПА јави дека станува збор за едни од најважните протести против зголемувањата на цените на станарините, што посебно го погодуваат Берлин. На повикот кон демонстрациите се приклучија 250 организации, а демонстрантите прошетаа низ Шненеберг и Кројцбег во центарот на Берлин. Тие бараат строго регулирање на пазарот за станови.

„Правото на стан е нешто што одамна не е пристапно за голем број луѓе“, рече Клаудија Рише, една од организаторите на протестите.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно