Бејл за Реал, е камен околу врат

Бејл за Реал, е камен околу врат


Шпанските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл има сосема поинакви планови од оние на Реал Мадрид и би можел да го „блокира“ трансфер пазарот на лето.

Готово сигурно дека Реал сака да го продаде на лето, но Бејл ќе ја одбие секоја понуда која нема да ги задоволува неговите натпреварувачки, но и финансиски барања.

Бејл не сака да биде испратен како „кусур“ за некој друг фудбалер и нема проблеми да остане во Мадрид, па дури и да седи на клупата.

Неговите односи со тренерот Зидан се проблематични, па Велшанецот во последно време почесто е на клупата откоклку на теренот.

Проблем за Реал е што цената на Бејл од ден на ден се повеќе паѓа, па тешко дека некој клуб е спремен да ги плати бараните 90 милиони евра.

Притоа, Бејл има договор „тежок“ 15 милиони евра по сезона, што повеќе го комплицира трансферот. Челзи и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него, но не се спремни да му понудат толку висока плата.

Во секој случај, Герет Бејл ова лето ќе биде „жешка“ тема, како во Мадрид, така и на трансфер пазарот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно