Бебе во Тирана почина од сипаници

Бебе во Тирана почина од сипаници


Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот

На Клиниката за детски болести во Тирана од морбили почина седуммесечно бебе, јави дописникот на МИА.

Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот.

Бројот на заболени од мали сипаници во Албанија се искачи на 80, главно деца кои не примиле вакцина против оваа заразна болест.

Според епидемиолог од Институтот за јавно здравје во Тирана, Адела Васили, околу четири отсто од албанската популација не е вакцинирана против морбили.

- Само во Тирана има околу 1.300 деца кои наполниле една година, а родителите им ја одлагаат вакцинацијата, дел од нив поради негативната пропаганда дека наводно по добивање на вакцината против морбили кај детето се јавува аутзам, што не е точно, вели Васили.

Таа апелира до родителите да не потпаѓаат под вакви влијанија и децата да ги вакцинираат што е во интерес на нивното здравје.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно