На едно новороденче од Брач утрово многу му се брзало да се роди, па не причекало хеликоптерот од островот Брач да слета во Сплит.
Мајката се породила пред слетувањето, а на среќниот момент сведочела тричлената посада на Ескадрилата на транспортни хеликоптери, капетанот, надпоручникот и наднаредникот.
Капетанот по слетувањето кажа дека сѐ се одвивало многу брзо имајќи предвид дека летот од Брач до Сплит трае само десет минути.
„Сѐ помина без компликации, мајката и девојчето се добро и тоа за летачката посада беше најдобро завршување на дежурството. Прекрасно е чувството и ќе го памтиме цел живот. Тоа е она што ја прави убавината на летањето и овој повик, затоа што освен хумани мисии за спасување човечки животи во прилика сме и да посведочиме и на раѓање на еден нов живот“, вели капетанот.
Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк