Батистута тврди Меси нема да биде Марадона

Батистута тврди Меси нема да биде Марадона


Легендарниот аргентински напаѓач Габриел Батистута беше прилично остар кон Лионел Меси, изјавувајќи дека никогаш нема да успее да го достигне нивото на Диего Марадона.

Меси се смета за еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на светот во последните десетина години, според некои најдобар на сите времиња, но Батистута тоа категорично одбива да го признае. За него, Диего Марадона е најдобар.

„Диего е најдобар на сите времиња. Тој во многу работи ги застапуваше Аргентинците, не само во фудбалот. Имаше харизма и неверојатни способности. Меси, макар бил и технички подобар, не може да го надмине Диего. Лионел едноставно ја нема таа харизма“, изјави Батистута и додаде:

„Диего можеше да командува со цел стадион, сите го гледаа. Играв со него и можам да ви кажам дека едноставно секогаш бил одлучувачки фактор. Марадона е поезија, Меси е проза“.

„Меси е технички совршен, постигнал повеќе голови од било кој, но за мене тој не е Диего и никогаш тоа нема да биде“, признава Батистута.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно