Баша: Рама е нарко премиер и треба да замине од функцијата

Баша: Рама е нарко премиер и треба да замине од функцијата


Албанската опозиција денеска пред седиштето на владата во Тирана одржа масовни протести на кои лидерот на Демоктратската партија Лулзим Баша побара оставка на премиерот Еди Рама и одржување на предвремени избори во земјата.

Баша пред неколку илјади приврзаници на партиите на опозицијата истакна дека актуелниот премиер Еди Рама е организатор на производството и шверцот со дрога во Албанија.

Тој додаде дека последните парламантарни избори, Социјлистите кои се на власт, со парите од дрогата ги купиле изборите и така дошле на власт.„Рама е нарко премиер и тој треба да замине, со цел Албанија да го продолжи својот пат кон ЕУ“ рече Баша.

Лидерот на опозицијата истакна дека протестите ќе продолжат и во наредниот период, се додека владата на Рама не поднесе оставка, но притоа не прецизираше термини на одржување на нови протести.

Претседателката на партијата „Социјалистичко Движење за Интреграција“ Моника Криемади, која е сооруга на актуалниот претседател на државата, Илир Мета, упати остри критики на адреса на премиерот Рама. И таа побара негова оставка и нови избори во Албанија. На протестот говореа и преседателите на помалите десни партии кои се во опозиција.

Протестот мина и без партиски знамиња на Демоктратската партија и другите партии, што од страна на аналитичарите во Тирана е прокоментирано како обид протестот да се прикаже како општо народен без разлика на партиската припадност.Протестот кој траеше околу 90 минути, заврши мирно без инциденти. Зградата на Владата ја обезбедуваа околу 2 илјади полицајци од кои дел беа и снајпериасти кои беа на покривот на владината зграда.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно