Барселона му даде пет гола на Бетис во последните 30 минути (Видео)

Барселона му даде пет гола на Бетис во последните 30 минути (Видео)


Барселона ја покажа својата сила на гостувањето кај тимот на Бетис, а иако оваа вечер имаше потешкотии да го скрши отпорот во првиот дел, во второто полувреме ја демонстрираше својата доминација погодувајќи ја дури пет пати мрежата на голманот Адан.

Тимот на Ернесто Валверде не пронајде начин да ја затресе противничката мрежа во воведниот дел од мечот, но затоа во продолжението заигра на шампионско ниво и даде пет гола во период од 59-та до 89-та минута. Ракитиќ го отвори гол шоуто, а во продолжение по два гола постигнаа Меси и Суарез кои на најдобар можен начин ги финишираа фуриозните 30 минути на Каталонците во кои го понижија противникот и ја зголемија предноста на првенствената табела во однос на Атлетико Мадрид. 

Барселона сега има 11 бодови предност во однос на „душекџиите“, 14 во однос на Валенсија, а 19 во однос на Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно