Балканско лицемерие

Балканско лицемерие


Бугарија, која моментно претседава со ЕУ, соопшти дека нападите на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија претставуваат одговор на воените злосторства, додека Грција го осуди наводното користење на хемиско оружје и побара негово уништување.

 Бугарија отсекогаш го застапувала ставот дека ништо не може да го оправда убивањето на невини луѓе, вклучувајќи и деца, дека употребата на хемиско оружје е воено злосторство, а нападот врз цели во Сирија претставува одговор на воените злосторства, соопшти бугарската Влада.

Грчкото Министерство за надворешни работи се надева на прекин на војната и враќање на милиони бегалци во своите домови.

„Грција ја осудува употребата на хемиско оружје и ги поддржува напорите тоа да биде уништено. Истовремено, меѓународната заедница треба да се стреми кон политичко и одржливо решение во Сирија, кое ќе стави крај на војната и ќе дозволи враќање на бегалците“, се наведува во соопштението на грчкото МНР.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно