Баќушка се чуди зошто западот сака да почне војна!

Баќушка се чуди зошто западот сака да почне војна!


Од руското МНР се чудат како може Западот толку да инсистира на воена интервенција врз сириската влада бидејќи нема никакви цврсти докази дека хемискиот напад во Дума пред неколку дена е извршен од страна на силите на Башр ал Асад.

Руското министерство за надворешни работи ги презеде сите можни дипломатски чекори за да спречи тежок воен судир во Сирија предводен од САД и западните сојузници кој може да доведе до екстремно ескалирање на односите и вовед во голема војна која ќе има огромни последици.

Од руското МНР се чудат како може Западот толку да инсистира на воена интервенција врз сириската влада бидејќи нема никакви цврсти докази дека хемискиот напад во Дума пред неколку дена е извршен од страна на силите на Башр ал Асад. Како и во претходните тврдења постои голема можност хемискиот напад да бил извршен од џихадистичките борци кои сакаат да предизвикаат силна воена интервенција во Сирија и да предизвикаат поголем хаос.

Од Москва велат и дека се крајно незадоволни што сосема неосновано и без соодветни докази се прави обид да се изврши напад врз Русија со тоа што се обвинува дека му помогнала на Асад да употреби хемиско оружје и дека уште повеќе и ги прикрива неговите злодела. 

САД, Велика Британија, Франција и другите сојузнички држави во НАТО се поблиску ги доближуваат своите ставови дека одговорните за хемиските напади мора да се казнат, па така воена интервенција воопшто не е исклучена, па дури и по цена да дојде до судир со Русија. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно