Баерн-Реал, Ливерпул - Рома

Баерн-Реал, Ливерпул - Рома


Во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени полуфиналните парови во Лигата на шампионите.

Легендарниот Андриј Шевченко кој е амбасадор на овогодинешното финале ни донесе битка на великаните во полуфиналето, односно Баерн Минхен ќе излезе на мегдан со европскиот шампион Реал Мадрид. Втората двојка ја сочинуваат Ливерпул и Рома со тоа што домаќините на првиот натпревар се „црвените“.

Првите средби се закажани за 24 и 25 април, а пак реваншите се една недела подоцна на 1 и 2 мај. Освојувачот на трофејот во елитното натпреварување ќе го добиеме на 26 мај во Киев.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно