Аждаја прстен

Аждаја прстен


Британската кралска традиција, започната пред речиси сто години, за употреба на свадбен прстен од велшко злато со печат на змеј, ќе продлжи и на венчавката на принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл.

Прстенот со печатот од змеј што Хари го подготвува за неговата идна сопруга ќе го изработи лондонската златарница „Вортски“.

Традицијата на вакви прстени ја започнаа прадедото и прабабата на Хари, кралот Џорџ Шести и кралицата Елизабета на нивната свадба во 1923 година.

Нивниот пример го следеше и актуелната кралица Елизабета Втора при венчавката со принцот Филип во 1947 година, како и постариот брат на Хари, принцот Вилијам при свадбата со Кејт Мидлтон во 2011 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно