Автобус, сообраќајна возачот мртов 18 лица повредени

Автобус, сообраќајна возачот мртов 18 лица повредени


Возач на автобус загина, а 18 луѓе се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на автопат во германската област Баварија, кога автобусот удрил во камион.

Како што пренесуваат германските медиуми, полицијата соопштила дека во белгискиот автобус се наоѓале 50 луѓе во моментот на несреќата, која се случила во близина на градот Ашафенбург.

Според информациите од медиумите, возачот најверојатно многу доцна забележал дека камионот кој превезувал стока, се движи премногу бавно и удрил во него.

Од 18-те повредени луѓе, тројца се во тешка состојба, а возачот на камионот не е повреден, соопштил полицијата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно