Аутсајдерот ги исанка фаворитите

Аутсајдерот ги исанка фаворитите


Австрија доби нов олимписки шампион на Игрите во Пјонгчанг, во името на Давид Глајршер, во дисциплината санкање.

Досега немаше освоено ниту еден медал од големите натпреварувања, но 23-годишниот Грајшлер успеа да ја изненади конкуренцијата и да триумфира во Пјонгчанг со одличен резултат.

Четирите трки ги извозе со вкупно време 3:10.702, победувајќи пред Крис Мазѕер од САД за само 26 илјадитинки и пред Јоханес Лудвиг од Германија. Грајшлер победата ја заслужи со извонредно четврто возење, откако пред тоа да почне тројца натпреварувачи имаа подобро време од него. Интересно е тоа што Грајшлер пред четири години во Сочи воопшто не успеа да избори место во австрискиот олимписки тим, а сега е шампион.

Без медал остана големиот фаворит Феликс Лох од Германија, кој бркаше трето злато едноподруго, по Ванкувер и Сочи. Во последното возење тој двапати се удираше во ѕидовите и заврши дури 19-ти.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно