Aптекарите митареле министри во Грција

Aптекарите митареле министри во Грција


Грчки обвинители соопштија дека имаат имиња на осум поранешни министри и два премиери на таа земја кои примиле „големо мито“ од фармацевтски компании.

Како што пренесува Би-би-си, отворена е истрага за „невидена корупциска афера“ во Грција, во рамки на која високи државни функционери се товарат дека земале големи количества пари од Новартис, кој ги поткупувал лекарите за да ги препишуваат лековите на таа компанија.

Обвинителите што го обелоденија случајот, меѓутоа, не сакаа да ги кажат имињата на министрите и премиерите. Се наведува само дека тоа биле во извршната власт во периодот од 2006 до 2015 година.

Тие истакнаа дека Грција на тој начин била оштетена за милиони евра, токму во времето на тешката економска криза во таа земја. Новартис на политичарите им платил 50 милиони евра, а доказите, меѓу другото, биле собрани од 20 сведоци.

Грчките медиуми ги поврзале поранешните грчки премиери од спомнатиот период како и ресорните министри, но сите одбиле дека имаат сознанија за таквата „шема“. Еден од прашаните бил и поранешниот грчки премиер Антонис Самарас, кој категорично ги отфрлил сите обвинувања и дури најавил дека ќе поднесе тужба против сегашниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

Како што пренесува Би-би-си, сите инкриминирачки документи се предадени на грчкиот парламент кој треба да одлучи дали поранешните министри и премиери ќе се отвори постапка.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно