Англиски модел на злоставување деца (видео)

Англиски модел на злоставување деца (видео)


Шокантното видео предизвикало бура на социјалните мрежи, а луѓето апелираат злоставувачите да бидат откриени и строго казнети

На снимката која почнала да кружи на социјалните мрежи се гледа девојче како пуши цигара, а потоа некој од родителите ја турка по скалите. 

Снимката привлекла големо внимание во јавноста, бидејќи јасно се гледа дека девојчето трпи злоставување во семејството. Видеото најпрво било поставено на Твитер, каде многумина барале нешто да се преземе и девојчето да се спаси.

Се верува дека нејзиното семејство е Сасекс од Велика Британија. На снимката се гледа како девојчето става цигара во уста, а потоа некој се обидува да и ја запали со запалка.

"Почекај малку, изгледа дека запалката не работи", се слуша на снимката откако девојчето става цигара во уста.

Во вториот дел од снимката девојчето гледа во камерата пред некој да ја турне на земјата, додека во третиот дел е прикажано девојчето како се симнува по скалите пред да ја шутнат со нога.

Страшната снимка бил прегледан многу пати, а коментарите во најголем број се негативни.

Корисниците апелираат нешто да се преземе и девојчето да се спаси од рацете на злоставувачите. Уште не е познато дали е откриен идентитетот на насилникот од снимката, а се претпоставува дека станува збор за нејзините родители.

Голем број на луѓе ја споделуваат оваа снимка на социјалните мрежи за да се крене свеста за злоставувањето.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно