Американски разорувачи, авиони и подморници чекаат наредба за напад во Сирија

Американски разорувачи, авиони и подморници чекаат наредба за напад во Сирија


Два американски разорувачи вооружени со ракети – Томахавк се позиционирани и подготвени за акција, покрај другите воени средства, како авиони и подморници, кои чекаат на наредба од американскиот претседател Доналд Трамп.

Toj вчера се закани со ракетни напади во Сирија. Трамп вчера на Твитер објави дека убавите, новите и паметни проектили наскоро ќе бидат пуштени кон Сирија, најава за ракетен напад која беше објавена пред да биде постигнат договор помеѓу клучните сојузници на САД, соопштија американски високи претставници. 

Највисоките воени претставници вчера беа собрани во Белата куќа за да разговараат за опциите за Сирија, и одлуката за тоа како да се одговори на хемискиот напад сè уште не беше донесена кога Трамп излезе со најава за напад, соопштија лица запознаени со дискусиите во Белата куќа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно