Американец застрелал четворица, па се самоубил

Американец застрелал четворица, па се самоубил


Американец застрелал четири лица во Џонсон Каунти, Кентаки и извршил самоубиство, соопшти канцеларијата на Шерифот на Фејсбук.

Полицијата добила информации за пукање во северниот дел на округот. Пристигнувајќи на местото на настанот, откриле дека биле убиени две лица. Осомничениот за нивното убиство избегал со автомобил. За него беше објавена потерница, во која се вклучи и државната полиција. 

Подоцна истиот ден, полицајците го нашле автомобилот на осомничениот во градот Пеинтсвил, пред станбена зграда. Во автомобилот, откриле тела на две лица, според властите, исто така убиени од страна на криминалецот. 

Тој самиот се застрелал пред да пристигне полицијата. 

Мотивите сè уште се непознати.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно