Алпинистката Револ се спаси, но не и Мацкијевич

Алпинистката Револ се спаси, но не и Мацкијевич


Официјален претставник од Пакистан изјави дека спасувачкиот тим ќе ја префрли француската алпинистка Елизабет Револ во најблискиот град, која има замрзнати стапала и не може да оди.

Волонтерски тим ја спасуваше денес француската алпинистка која остана заглавена на планина додека се обидувала да освои еден хималајски врв, заедно со полскиот алпинист Томас Мацкијевич кој бил прогласен за мртов. Според зборовите на пакистанскиот сојуз на планинари, четири спасувачи со одвоени полски експедиции не успеале да стигнат до Томас Мацкијевич, кој страдал од снежно слепило и висинска болест, пренесува АП.

Револ и Мацкијевич се обиделе да се искачат на деветтиот највисок светски врв Нанга Парбат, на висина од 8.126 метри надморска височина, а заглавиле на 7.400 метри надморска височина, при што се разделиле еден од друг. 

Револ со хеликоптер ќе биде префрлена до Скарду, а потоа до Исламбада каде ќе остане на лекување.

"Спасувањето на Томас за жал беше неуспешно, поради временските услови и висината каде и спасувачите би си го довеле својот живот во опасност. Ова е ужасна и болна одлука. Длабоко жалиме за тоа".

Нанга Парбат е врв во северен Пакистан, инаку познат како "планина убиец" откако повеќе од 30 алпинисти го изгубиле животот искачувајќи се до него. За прв пат бил освоен во 1953 година, наведува Би Би Си.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно