Алкохолот го однесе животот на 12 годишно девојче

Алкохолот го однесе животот на 12 годишно девојче


Слатина кај Бродарево на цел глас ја оплакуваше 12-годишната Анѓела Дуловиќ која со џипот со кој патуваше со стрикото Милош Дуловиќ (35) и двете негови ќерки, слета во малата река и го загуби животот.

Тага божја... Не може на човек да му влезе во глава како девојчето кое пленеше со однесувањето и беше омилено во селото повеќе го нема... Воспитано и паметно дете, секогаш насмеано и весело, испеваа само некои од нажалените мештани од Слатина, со тивок глас да изустат, додека се слушаа лелеци од куќата на семејството Дуловиќ.

Од џипот кој се тубал низ амбисот и бочно паднал во реката, Милош Дуловиќ успеал да се извлече, а потоа со соседот ги извлекол двете свои ќерки кои биле мокри и премрзнати. Следела панична потрага по Ангела која испаднала од возилото.

-Бев стотина метри низ реката кога наиде тој сосед кој ја видел несреќата и му помогнал на Милош, дотрча до мене, целиот воден и викаше „излета џипот, го нема детето“. Дваесетина минути пред тоа тој и Милоп ја газеле реката горе - долу барајќи го девојчето. Отрчав со нив на самото место, во студената и матна вода до колена, обидувајќи се да ја пронајдеме Ангела, вели еден жител од Слатина.

Во меѓувреме Милош Дуловиќ своите две промрзнати ќерки ги ставил во автомобил кој наишол на патот и ги однел до Здравствениот дом во Бродарево. За судбината на неговата внука тогаш уште ништо не се знаело.

Во тоа време неколку селани успеале да го поткренат џипот, под која на површината испливала Анѓела. Ја зеле на раце и ја изнеле на патот во обид да ја спасат и и дале вештачко дишење.

-Не даваше никакви знаци на живот. Насетувајќи го најлошото насобраните луѓе почнаа да лелекаат на сиот глас, вели Неџак Кријешторац од Слатина.

Ја внеле во автомобил и тргнале кој Пријепоње во надеж дека лекарите ќе ја спасат. Тогаш на местото на несреќата се појавил таткото на Анѓела, Вељко, родениот брат на Милош. Имало малку надеж се додека од Пријепоље не стигнале црните вести. Анѓела била една од петте деца во своето семејство, а неодамна добила и брат.

Возел со 1,4 промили

Милош Дуловиќ, откако ги однел ќерките во Бродарево, се вратил во Слатина, а на местото на несреќата имало полициска патрола. Бил позитивен на алко-тестот, а му е земен и примерок од крвта кој покажал дека има 1,4 промили алкохол. Вчера му е одредено задржување по што ќе биде предаден на Вишото обвинителство во Ужице.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно