Алексис Санчез утре ќе го облече дресот на Јунајтед

Алексис Санчез утре ќе го облече дресот на Јунајтед


Алексис Санчез најверојатно веќе утре ќе го облече дресот на Јунајтед и ќе истрча на својот прв натпревар за Црвените Ѓаволи.

Сега веќе поранешната ѕвезда на Арсенал, Алексис Санчез, пред неколку дена го комплетираше трансферот на Олд Трафорд во трансфер сагата која што траеше долго време, а прилика да настапи со својата нова екипа најверојатно ќе добие уште утре. 

Екипата на Манчестер Јунајтед утре гостува кај Јеовил во рамките на 4-то коло од англискот ФА Куп, а Алексис Санчез се најде меѓу повиканите за дуелот. Англиските медиуми шпекулираат дека голема е веројатноста тренерот Жозе Мурињо да го внесе и во стартниот состав за дуелот.

 Да потсетиме, Алексис Санчез пред неколку дена потпиша со Манчестер Јунајтед – неговиот договор важи најмалку до 2022-ра година, а се претпоставува дека ќе заработува и до 500 илјади фунти неделно со вклучени бонуси.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно