Албанската опозиција е против симболи од комунизмот, нема ништо против фашизмот

Албанската опозиција е против симболи од комунизмот, нема ништо против фашизмот


Албанската опозиција предводена од Демократската партија бара забрана на комунистичките симболи во земјата и пронаоѓање на моштите на 4500 Албанци кои биле убиени од комунистичкиот систем, а не им се знае гробот

Претседателот на Демократската партија, Лулзим Баша, изјави дека во Албанија треба итно да се забрани користењето на комунистичките симболи. Тој изјави дека опозицијата со посебен закон кој наскоро ќе се најде во Собранието бара забрана за користење на комунистичките симболи. Исто така, според Баша, во Албанија сè уште не се знаат гробниците на над 4500 убиени противници на системот на Енвер Хоџа.

Дефинитивно земјата мора да рече збогум на тој систем кој и сега се применува од одредени политички партии. Албанските медиуми истакнуваат дека десницата со новите две барања сака да создаде нов напад на Владата на левицата предводена од страна на премиерот Еди Рама. Во земјата се зголемува бројот на населението кое ја почитува НОВ, што од страна на десницата се коментира како враќање на носталгијата на комунистичскиот систем на Хоџа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно