Албанија ќе гради нов аеродром вреден 100 милиони евра во Валона

Албанија ќе гради нов аеродром вреден 100 милиони евра во Валона


Албанија засилено се подготвува да изгради нов меѓународен аеродром во земјата.

Тој би требало да се изгради во југозападниот дел во крајбрежниот град Валона, кој истовремено е голема туристичка дестинација. Πpoeĸтот ce оценува на 100 милиони евра, a дpжaвaтa пpeгoвapа со ĸoнзopциyм од 3 тypcĸи ĸомпании – Сеngіz, Каlуоn и Коlіn, ĸои треба да го градат новиот аеродром. 

Градежните активности треба да почнат подоцна годинава, објави албанскиот министер за енергетика и инфраструктура Дамиан Динуру. 

Албанските институции ќе бидат во можност да ги видат проектните предлози на турските компании во рамките на следните 3 месеци, а потоа ќе се премине на идните градежни процедури.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно