Албанија има 300.000 хомиќи

Албанија има 300.000 хомиќи


Директорката во Министерството за здравство, социјална заштита и млади, Етлева Шеши, гостувајќи во телевизиска емисија рече дека во Албанија треба да има околу 300.000 хомосексуалци.

Ако во Европа 10 отсто од популацијата припаѓа на ЛГБТ заедницата, зошто во Албанја би било поразлично, значи околу 300.000.  Да бидеш геј или лезбејка нема ништо лошо – изјави Шеши, одлучно посочувајќи дека „не е ни малку грешка“.

И претставниците на нивната асоцијација во Тирана „Розова амбасада“ изјавија дека десет отсто од популацијата во Албанија односно меѓу 250.000 и 300.000 се хомосексуалци.

Во рамките на проект за разбивање на табуата за геј заедницата, во средните училишта во Тирана одржани се низа средби а организациите за заштита на правата на хомосексуалците во Албанија  организираа и геј паради во Тирана без никакви проблеми.

Првата геј парада во Тирана беше одржана во средината на мај 2012 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно