Албанците против „словенското“ име „Горна Македонија“ без превод!

Албанците против „словенското“ име „Горна Македонија“ без превод!


Партиите на македонските Албанци го оспорија предлогот „Горна Македонија“ без превод за ново име на државата.

Зијадин Села, претседател на партијата Алијанса за Албанците, вели дека се против каква било тенденција да се излезе со словенско име.

„Ние сме против предлози за имиња на македонски јазик, каков што е случајот со ‘Горна Македонија’. Ние сме против тоа, бидејќи ова е тенденција за присвојување на името“, изјави тој.

Артан Груби, советник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со медијаторот на Обединети нации за името Метју Нимиц викендов порача дека името мора да го одразува мултиетничкиот карактер на земјата.

„Македонија е моја земја и земја на стотици илјади други Албанци. Припаѓањето на Македонија само на Македонците е непостоечки концепт и Албанците не може да бидат исфрлени од овој витален процес за нашата заедничка иднина“, изјави тој.

Форум на албански интелектуалци во Македонија, пак, испрати писмо до меѓународните институции и до Нимиц, барајќи предлогот „Горна Македонија“ да биде отфрлен како неприфатлив без превод, „бидејќи ги исклучува Албанците и втората најголема заедница во земјата“.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно