Ако сите се мајки цркви, која црква е таткото, за да не бидеме вонбрачна.

Ако сите се мајки цркви, која црква е таткото, за да не бидеме вонбрачна.


Само Вселенската патријаршија може да биде мајка црква на балканските цркви, им кажал вселенскиот патријарх Вартоломеј на професорите и студентите од Православниот богословски факултет во Скопје на нивната средба во Истанбул.

Според него, Бугарската црква не може да помага на други цркви да го решаваат својот статус, туку тоа треба да оди преку Вселенската патријаршија.Вселенскиот патријарх Вартоломеј, исто така, кажал дека има добри и пријателски односи со македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој неделава исто така го посети во Вселенската патријаршија во Истанбул. На професорите и студентите им порачал дека секогаш се добредојдени кај него и оти смета на нив како на идна генерација теолози и свештеници во зајакнувањето на православието и односите со соседните народи и православни цркви.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно