Аха, Черлиз Тејрон пушела, и пак би пробала марихуана

Аха, Черлиз Тејрон пушела, и пак би пробала марихуана


Американската актерка Черлиз Тејрон во интервју за американските медиуми пред премиерата на филмот „Гринго“ изјави дека и било многу непријатно поради колегите, бидејќи глуми груба жена која постојано ги навредува другите.

Она што го говорам во име на ликот кој го глумам, не би можела да замислам некогаш да излезе од мојата уста. Имав чувство дека треба постојано да барам извинување – наведува актерката.

Бидејќи една од темите на филмот е и марихуаната, Тејрон признава дека порано редовно конзумирала.

– Многу години пушев умерено марихуана. Тоа го кажувам отворено, бидејќи навистина не ме интересира дали ќе ме осудуваат. Сакам повторно да пробам и можам да се контролирам. Патам од несоница и затоа сакам пак да пробам. Подобро тоа отколку да земам лекови за спиење. Всушност кога ќе имам повторно можност да пробам ќе го направам тоа со мајка ми. Ни таа не спие како што треба – потенцира актерката.

Тејрон истакнува дека актерството ја прави среќна затоа што 90 отсто од нејзината работа се однесува или ја засега неа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно