Администрацијата била катастрофа , тврди Зоран Заев

Администрацијата била катастрофа , тврди Зоран Заев


Според премиерот, работата на администрацијата не е лоша, туку катастрофална.

„И точна е фразата, „клати врата – земај плата“, но јас би додал и „хихихи – хохохо, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, порталите да ги искоментираме…”, и толку е. А некој чека надвор. А од тоа негово чекање зависи дали тој административец ќе земе плата. Посветуваме внимание, и овде сме и психолози и педагози. Јас сум најверојатно првиот политичар кој рече нема покачување на плата на јавната администрација, додека не видам ефикасност и ефективност.  И во суштина тоа и го мислам. Значи кога доаѓаме на работа, тие 8 часа мора да ги сработиме. Затоа што токму на нас, на јавната администрација, некој ни дал шанса баш ние да бидеме тие. Сакаат и многу други луѓе да бидат на нашето место, па дај чесно да си ја изработиме работата. Во вакви околности, ако ја дигнеме продуктивноста на јавната администрација, Македонија, ќе направи еден сериозен прескок. Оттука само ќе им се заблагодариме на сите што нема да си ја работат својата работа. Тое е еден коректив“- вели Заев. 

Другиот коректив се конкурсите и критериуми и во делот на вработувањето, додава премиерот. 

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно