90 мигранти се удавија

90 мигранти се удавија


Најмалку 90 мигранти се удавија во Средоземното Море кога се превртел брод на либискиот брег, објави агенцијата на Обединетите нации за миграција. Десет тела веќе испливале на либискиот брег.

Тројца од преживеаните навеле дека најголем број од мигрантите биле од Пакистан. Меѓу загинатите во несреќата има и либиски државјани, кои поретко се одлучуваат на опасен пат низ Средоземјето.

Либија со години е главна транзитна рута за бегалците кои од Африка и од Блискиот Исток се обидуваат до дојдат во Европа. Минатата година Европската Унија одлучи да ѝ помогне на либиската крајбрежна стража за да ги спречат илегалниот транспорт и шверцот на мигранти во Италија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно