7 години незаконски земал повисока директорска плата

7 години незаконски земал повисока директорска плата


Поднесена е кривична пријава против 46-годишниот Т.Д. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ„Климент Охридски“ во село Миравци, гевгелиско, спротивно на колективниот договор за основно образование, како и спротивно на спогодбите меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, и утврдените коефициенти за исплата на плати, и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето да му биде пресметуван, а со тоа и исплатуван надоместок на личен доход како за директор на основно училиште со обем од 17 до 36 паралелки, наместо да му биде пресметуван и исплатуван надоместок на личен доход за директор на основно училиште од мал обем, до 16 паралелки, во кој ранг спаѓало наведеното училиште“, соопшти МВР.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 162.393 денари на штета на буџетот на Република Македонија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно