5 милијарди прегледи за Деспасито

5 милијарди прегледи за Деспасито


Светскиот хит „Деспасито“ на порториканските музичари Луис Фонси и Деди Јенки има повеќе од 5 милијарди прегледи на Јутјуб, со што овој видеозапис е прв што постигнал таков рекорд на популарната видеоплатформа.

Спотот е објавен во јануари 2017 година. Овој музички запис на Јутјуб по гледаност води пред видеото за „See You Again“ на Виз Калифа (3,5 милијарди прегледи), песна што беше направена во чест на покојната ѕвезда од „Брзи и бесни“, Пол Вокер, и пред долгогодишниот рекордер „Gangnam Style“ (3,1 милијарда прегледи).

„Деспасито“ беше цели 16 недели на првата позиција на Билборд листата. За само шест месеци од објавата, „Деспасито“ беше означена како најстримувана песна на сите времиња. Денес ова е најслушана песна на планетава.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно