48 жртви во пожарот во Кемерово-Русија

48 жртви во пожарот во Кемерово-Русија


Смртниот биланс од пожарот во сибирискиот град Кемерово се искачи на 48 жртви, а непозната е судбината на 16 лица, изјави министерот за вонредни ситуации на Русија, Владимир Пучков.

Засега нема индиции за причината за пожарот. На телевизиските снимки се гледаат како луѓе во паника скокаат од прозорци од трговскиот центар, обвиен во густ чад.

Според првичните резултати на истрагата, пожарот избувнал во кино сала на четвртиот кат, каде се наоѓа и детскиот центар. Во пожарот целосно изгореа 400 метри квадратни.

Пронајдените тела се уште не се идентификувани, но медиумите јавуваат дека меѓу загинатите има деца.

– Четири лица се притворени и испрашувани, меѓу кои и закупецот на кино-салата, каде се претпоставува дека избил пожарот, како и менаџерот на компанијата која раководи со трговскиот центар, изјави портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко

Станува збор за трговскиот центар „Зимнаја вишња“, кој се наоѓа во една од главните градски улици, во близина на железничката станица. Трговскиот центар е отворен во 2013 година, со површина од 23.000 метри квадратни, паркинг за 250 автомобили, продавници, сала за куглање, детски центар и кино.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно