4.5 милијади евра за купи продај фудбалери

4.5 милијади евра за купи продај фудбалери


Сумата за трансфери на фудбалери низ целиот свет изнесува енормни 4,5 милијарди, што е 900 милиони повеќе од претходната година.

Фудбалскиот пазар добива нова димензија секој нареден трансфер период, а пристигнаа бројките за изминатата година, кои се само потврда на тоа дека фудбалот веќе не е она што беше порано, туку се претвори во еден голем бизнис.

Сумата за трансфери на фудбалери низ целиот свет изнесува енормни 4,5 милијарди, што е 900 милиони повеќе од претходната година. Очекувано, најмногу потрошија клубовите од најдобрите пет лиги во Европа ШпанијаИталијаАнглијаФранција и Германија (2,96 милијарди).

Од сите нив, само шпанското првенство има позитивен биланс, а тоа најмногу се должи на рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони. Премиер лигата има најголем минус од неверојатни 815 милиони.

Според ФИФА, на светско ниво дури 84% од трансферите се реализирани како слободни агенти. Просечната цена е 2,01 милиони за еден фудбалер, која е далеку повисока од онаа од 2011 година, кога вредноста изнесуваше 1,37 милиони.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно