400 рудари во САСА на готовс за штрајк

400 рудари во САСА на готовс за штрајк


Рударите од рудникот САСА - Македонска Каменица преку синдикатот ќе преговараат со раководството за зголемување на платата, подобување на условите за работа како и регулирање на пензискиот стаж.

Четиристотини рудари од САСА минатиот месец своето незадоволство од условите во кои работат го изразија преку тридневен штрајк при што нивните барања за подобрување на условите беа доставени до менаџерскиот тим на рудникот.

Претседателот на рударската синдикална организација САСА, Драги Јовановски, вели дека првично раководството не било расположено за било какви преговори, но потоа со помош на Владата на РМ договорена е средба за оваа недела на која 5 претставници од синдикатот ќе разговараат со менаџерскиот тим на рудникот за потребите на рударите.

„Почнавме одредени разговори, менаџерскиот тим виде дека станува збор за сериозен синдикат и сериозни барања. На почетокот одевме на тоа да се состанеме, но очигледно беше дека имавме различни мислења од раководството во многу правци. Во овој период беа вклучени и луѓе од Владата на РМ и претставници од ССМ за воопшто да почнеме да разговараме за поставените барања“ вели Јовановски.

Доколку овие услови не бидат исполнети, Јовановски вели дека штрајкот кој моментално е во мирување ќе биде продолжен. Според него, барањата се комплексни и ќе биде потребно време за решавање на проблемите кои ги имаат рударите од САСА.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно